Stevco Jakimovski
Нема да му ќутам на никого и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија!
Народот гледа кој најмногу знае и кој е најмногу спремен да биде претседател на Република Македонија. Се обидовте да бегате од дебати, земавте милиони да се рекламирате како Цеца и Здравко Чолиќ ама рејтингот ви паѓа, а јас добивам поени и утре како попчиња ќе се нацртаат на децата на МРТ.
Јас јасно кажувам што треба да правиме во Република Македонија. Мора да тргнеме од здравството, да не нѐ лазат бубашваби, да се зголеми придонесот, темелот на општеството на образованието е разрушен, ни треба сериозна реформа, ако имаме образовани деца ќе имаме посилно општество, ќе имаме подобри доктори, инженери, политичари.
Затоа ни треба претседател на Република Македонија, да застане храбро да каже не им се додворувајте на Американците, да давале милијарди за Енка Бехтел, па ќе зборувате за криминали!
Овој народ знае кого бира, јас сум дете на работник, татко водоводџија, мајка домаќинка, мене никој не ме поткерпил, ме крепела само работата и резултатите. Нема дена да не сум работел 10 до 12 саати, нагласи Стевчо Јакимовски кој додаде дека тие на кои му пречат неговите резултати денеска се оние кои напаѓаат и се радуваат на „црната листа“.
Јас сум направил училишта, улици, паркови, вие што направивте со милијарди? Јас сум виртуоз, вие сте неспособни. 10 години правиле автопат 50 километри, како не ви е срам пак да барате власт?
Ние сме единствени на кои им бараат да сменат име, знаме, идентитетски прашања, не ни принзаваат историски личности, а постојано не лажат. Само уште Бугарите во Устав и ќе тече мед и млеко, ама не кажуваат дека претпоследното поглавје е јазикот и 28 држави треба да се изјаснат дали македонскиот јазик ќе се применува во европскиот парламент, нагласи Јакимовски.
ЈАС ВЕЛАМ НЕ! Или ќе нѐ примите достоинствено, или ќе застанеме кадешто сме дошле, не не лажете со тие приказни дека многу ни тревате, ама и ние вас ви требаме! Вие сакате овој регион политички да го затворите.
Ај да ја смениме малку политиката па да видиме дали ќе биде така. Овие наши политичари немаат ни храброст колку Албин Курти, војска од надвор, пари од надвор, што сака им прифаќа, што не, а овие на се викаат ДА.
Какви се тие претседатели и премиери кога народот вика НЕ, тие да викаат ДА?!
Епа ќе им дадеме ли верба на тие што ќе водат политика спортивна на сечии интереси во оваа држава?
Толку си голем колку што имаш годрост, можеш да си и Русија и Америка ама ако имаш срце лешник сѐ ти е џабе. Не е сѐ о јадењето и во стомакот, има нешто што нас нѐ прави да бидеме посреќни и подостоинствени,
Во среда имате историска шанса, да се издигнете и да кажете дека не прифаќате повеќе туторство, тие истите ни ја прават оваа држава 30 години и 400.000 луѓе ни се иселија, а кај нив 10 милиони плус.
Имате пред вас кандидат кој не е спремен да ќути на никого! Вистината ќе им ја кажуваме, добро ќе се подготвувате кога ќе доаѓате во Макеоднија да ни соопштите тоа што имате, ама ќе бидете подготвени да слушнете и ние што имаме да кажеме. Ние бараме почит и од тоа паричките да си дадете повеќе за Македонија оти ви ја чуваме границата кај Гевгелија. Мигрантите не доаѓаат за Дебар, доаѓаат за во вашите држави, ќе ни дадете повеќе пари, или нема да ви ги спроведуваме политиките.
Кодошите и вечерва ќе плаќаат за нови извештаи, порача Јакимовски кој нагласи дека ова е нова шанса да се избере квалитетен човек од кој сите граѓани ќе видат бенефит.
– Ако ми дадете шанса за претседател на Македонија, уште многу пати ќе сакате да ме бирате!
#ХраброЗаМакедонија
#ЗаокружиБројТРИ